Вознемирувачко видео од безбедносни камери на станбена зграсда покажува како познат американски милионер бидува избоден на улица во Сан Франциско, се тетерави одејќи кон зградата, лежи неподвижен, не успева да го грабне мобилниот телефон и очајно му мафта на автомобил да застане.
Се работи за Боб Ли(43) познатиот основач на апликацијата Кеш, пишува Дејли Мејл. Тој некогаш живеел во Сан Франциско, но се преселил токму поради криминалот на улиците.
Според извештајот на Сан Франциско Стандард, Ли се јавил на 911 околу 2:35 часот и извикал: „Помош. Некој ме избоде“.
„Жртвата беше пренесена во локална болница со повреди опасни по живот. И покрај напорите на итните служби и медицинскиот персонал, мажот им подлегна на повредите“, соопшти полицискиот оддел во Сан Франциско (СФПД).
На блискиот паркинг наводно бил пронајден кујнски нож со сечило од 3,6 сантиметри, но полицијата сè уште не ги уапсила напаѓачите. Шефот на полицијата на Сан Франциско, Бил Скот, одби да го открие мотивот за нападот и не сакаше да каже дали жртвата била случајно избрана.
Оваа година во Сан Франциско се случија 39 убиства, а полициските сили во градот моментално немаат 541 офицер.
Извршниот директор на Твитер и Тесла, Илон Маск, по убиството на Ли твитна:
„Многу луѓе што ги познавам биле жестоко нападнати. Насилните злосторства во Сан Франциско се ужасни. Дури и кога напаѓачите бидуваат фатени, често пати за брзо ги ослободуваат“.