Холивудскиот актер Џонатан Мејџорс е уапсен откако наводно нападнал жена во текот на семејна расправија.
Полицијата во Њујорк објави соопштение во кое се вели дека го привеле Мајорс откако добиле извештај за жена со полесни повреди која била пренесена во болница.
Зборувајќи за „Холивуд репортер“, портпаролот на актерот изјавил:
„Тој не направи ништо лошо. Со нетрпение очекуваме да го расчистиме неговото име и оваа ситуација“.
Според соопштението на полицијата, полицајците биле повикани во стан во Њујорк, откако одговориле на повикот во кој маж бил вклучен во семејна расправија со жена. Жената во полиција изјавила дека била нападната и, според соопштението, се здобила со полесни повреди на вратот и главата и била пренесена во болница.
Мејџорс неодамна се појави во филмот на „Марвел“ -„Ant-Man and the Wasp: Quantumania“ како Канг, и наводно ќе ја повтори својата улога во втората сезона на „Loki“, откако прво го имаше своето деби како Канг во првата сезона на серијата.