Видеото кое Џереми Ренер го објави синоќа вечер на Твитер ги воодушевил неговите многубројни обожаватели. Актерот пред три месеци имаше страшна несреќа, а сега повторно застана на нозе.
Прекрасната вест доаѓа од Твитер профилот на Ренер, кој за време на физикална терапија оди на лента за трчање против гравитација.
„Тоа е навистина супер. Ти целосно го правиш движењето на одење“, му вели терапевтот на актерот.
„Точно, точно, тоа е 40 отсто од мојата тежина“, додава Ренер.
Актерот, кој на Твитер го следат повеќе од 37 милиони луѓе, од оваа социјална мрежа изјави: „Морам да најдам други работи со кои ќе се занимавам, за телото да се опорави мимо мојата волја“.
Пред три месеци актерот му помогнал на мотоциклист кој се заглавил во снегот кога го прегазила машина за чистење снег, како што изјавила градоначалничката на Рина, Хилари Шив, пишува Дејли Мејл.
Ренер во таа несреќа се здобил со тешки телесни повреди, му биле извршени две операции и неговата состојба е стабилна. Добил скршеници на повеќе од 30 коски.
Првите детали за несреќата ги кажал неговиот сосед, лекар кој прв му пришол на помош откако машината преминала преку едната нога поради што изгубил многу крв. Набрзо на терен пристигнала брза помош.
„Ви благодарам на сите за убавите зборови. Сега сум премногу конфузен за да пишувам, но на сите ви испраќам љубов“, објави од болницата актерот на Инстаграм, каде што бројни колеги, како Крис Хемсворт, Кејт Бекинсејл, Кејт Хадсон и Крис Еванс, му посакаа брзо закрепнување.