More

    Познатиот актер денеска полни 71. година

    spot_img

    Малку е познато дека добро градениот „Мич“ кој трчаше на плажа заедно со згодните блондинки од серијата Бејвоч во 90-тите всушност бил пејач, а дека уште мисли дека негова песна помогнала во Германија да се создаде атмосферата за да биде срушен озглогласениот Берлински ѕид.

    Во летото 1989 година, „Мич“, односно актерот Дејвид Хаселхоф бил на првото место на германските топ листи со песната „Трагајќи по слобода“. Хитот полека станувал химна на обединувањето на Источна со Западна Германија.

    – Неколку дена откако случајно се сретнав со обожавателка во источна Германија, мистериозно и со Божја помош, ѕидот падна – се присетил Хаселхоф кој токму на таа новогодишна ноќ го поканиле на Берлинскиот ѕид да го отпее својот голем хит.

    Денес Хаселхоф полни 71. година. Со Бејвоч тој го собори Гинисовиот рекорд за „најгледаниот човек на телевизија“, но кариерата ја почнал уште како дете глумејќи во претстави. Во 1975 година тој бил дел од серијата „Млади и неуморни“.

    Освен што глуми, Хоф и пее – неговите бизарни музички спотови и обработки на популарни песни се изненадувачки познати. Во 2019 година го објави својот 14-ти албум, „Open Your Eyes“ кој најмногу се состои од обработки на песни од 80-те во соработка со неколку бендови и музичари.

    Што се однесува до приватниот живот, Дејвид зад себе има 2 брака. Во 1984 година се ожени со Кетрин Хикленд со која беше сè до 1989 година. Истата година се венчаше со Памела Бах со која има 2 ќерки. Откако се разведе од својата втора сопруга, се ожени со 27 години помладата велшка манекенка Хејли Робертс со која сè уште е во брак.

    Освен по улогите и заведувањето жени, Хаселхоф е познат и по зависноста од алкохол. Тој дури пет пати завршил во болница поради претерана консумација на алкохол и многумина тогаш му велеле дека тоа ќе го чини живот.

    Пред 12 години на роденденот на Сајмон Кауел, Дејвид уринирал по душеците во хотелската соба и бил непристоен кон персоналот.

    Среќен роденден Дејвид!

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img