Познаник на напаѓачот од Сисак во Хрватска, кој уби жена и рани четиримина пукајќи од калашников, на социјаните мрежи напиша дека тој четири пати по ред добивал смртни закани од човекот, пишува хрватскиот портал 24сата.
„Четири пати повикав полиција за да ме заштити од смртни закани од дотичниот. Поднесов кривична пријава, но тие ја отфрлија. Ова не е само трагичен настан, ова е срам за целата држава. Требаше само да се изврши претрес и да се утврди дали дотичниот поседува нелегално оружје“, објави тој.
Еден од соседите успеал да му го одземе оружјето од раката на мажот.
– Тој пукаше безмилосно, но јас му го одзедов оружјето. Ја рани мајка ми, ми ја запали и куќата… – вели тој за порталот 24 сата.
– Се тепав со него. Ме тепаше со кундак и цигла, но му ја одзедов пушката – изјави за 24сата тешко повредениот сосед Томислав.
Други очевидци на страшната пукање рекоа дека се плашеле од човекот и дека тој секогаш бил намќор и никогаш никого не се поздравувал.
Началникот на Службата за криминалистичка полиција Игор Пашанец на прес-конференција во неделата наутро рече дека напаѓачот пред 20 години бил кривично гонет за недозволено поседување оружје.
– Подоцна немаше никакви индикации дека може да направи такво кривично дело – рече тој.
Случајот со пукањето во сеото Канак в Сисак во саботата вечер ја потресе цела Хрватска.
Според хрватските медиуми, станува збор за маж на околу 60 години кој имал психички проблеми. Насилникот наводно дошол во куќата на соседот, пукал кон нив и запалил две куќи на соседот.