More

    Позициите на Хутите утрово се засеани со бомби

    spot_img

    Американските бомбардери со долг дострел Б-2 извршија воздушни напади рано утринава насочени кон подземни бункери што ги користат јеменските бунтовници Хути, соопштија официјални лица.

    Сателитскиот ТВ канал Хути Ал-Масира објави воздушни напади околу главниот град на Јемен Сана, како и напади околу градот Саади, исто така упориште на Хутите.

    Нема информации за штети или за жртви.

    Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека бомбардерите Б-2 биле насочени кон „пет подземни складишта за оружје во областите во Јемен контролирани од Хутите“.

    Остин и Централната команда на американската армија не дадоа информации за направената штета. Сепак, Централната команда во соопштението наведе дека првичните проценки покажуваат дека нема загинати цивили.

    Црвеното Море стана „бојно поле“ откако Хутите ја започнаа својата кампања насочена кон бродовите. Од почетокот на војната во Газа Хутите гаѓаа повеќе од 80 трговски бродови со проектили и беспилотни летала.

    Авионите Б-2 претходно беа користени во американските напади врз иранските нуклеарни постројки Натанц и Фордоу, бидејќи тие се единствените способни да користат бомби ГБУ-57, кои продираат во ѕидовите на бункерите.

    Нуклеарни авиони Б-2 за прв пат беа употребени во 1999 година на Косово и Метохија. Војската на САД ретко ги користи во борби бидејќи чинат околу милијарда долари секоја од нив.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img