Голем пожар избувна во трговскиот центар Балашик на периферијата на Москва, втор ваков пожар во последните четири дена. Пожарот во трговскиот центар во кој се продаваат градежни материјали прво избувнал во магацинот, а подоцна се проширил и на дел од зградата.
Обезбедувањето е хоспитализирано бидејќи од чадот вдишил отровни материи.
Противпожарните екипи успеале да го локализираат пожарот кој зафатил површина од околу 9.000 метри квадратни, па бил спречен да го зафати целиот трговски центар.
Официјални лица изјавија дека пожарот бил предизвикан од краток спој поради силниот дожд во Москва.
Во петокот во трговскиот центар Мега Кимки во предградието на Москва избувна голем пожар кој зафати 7.000 квадратни метри.