Пожарот од Албанија го зафати и врвот Кораб

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 48 пожари на отворен простор, од кои во моментов 13 се активни, осум се под контрола, а 27 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод во Јасен, во викенд населбата Белица каде гори борова шума. Пожарот на Галичица е на исток во правец на селата Лескоец и Стење, во општина Ресен и на охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа. Зафатена е нискостеблеста вегетација и букова шума.

Нискостеблеста деградирана шума и сува трева е зафатена од пожарот во с. Дебреште, крак кон с. Зрзе, во Општина Долнени, како и крак кон с. Крапа, Општина Македонски Брод. Во Општина Новаци гори ниска вегетација и деградирана шума на потегор од с. Полог, Брник до Рапеш.

Во Општина Кичево активни се два пожара. Еден кај с. Цер, планина Лубен, кој се проширил кон селата Брезово и Зашле во Општина Демир Хисар, каде е зафатена нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација. Во вториот зафатена е борова и букова шума, се протега од с. Патеец – с. Козичино, и се проширил кон с. Дупјани.

Во општините Пласница и Македонски Брод пожар има меѓу селата Пласница и Латово, и во с. Девич м.в. Вртешка, гори мешана шума. Мешана и нискостеблеста шума е зафатена и со пожарите во с. Гари на планина Стогово во Општина Дебар и во Општина Чашка: с. Мокрени. Два пожари се активни и во Општина Маврово – Ростуше, и тоа во с. Врбен и на врвот Кораб кој е префрлен од Албанија, каде огнените јазици зафатиле нискостеблеста вегетација. Гори нистостеблеста шума и во Општина Долнени кај село Небрегово кој што се префрлил од Општина Чашка од планина Мукус.

По контрола се пожарите во: Општина Валандово: с. Казандол, м.в. Чештово (нискостеблеста шума, прнар, сува трева); Општина Македонска Каменица: с. Цера  – повторно се разгорел на еден крак; Општина Македонски Брод: с. Грешница (мешана шума); во Општина Демир Хисар: Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица (ниска вегетација); во Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија); два во Општина Чашка, едниот кај с. Папрадиште и с. Ореше (мешана шума) и на планината Мукос кон с. Дреновци, Општина Прилеп (мешана шума), како и во Општина Василево: м.в. Карбино (ЗИК Слобода) кон с. Владевци (нискостеблеста шума, стрништа, сува трева, грмушки).

Share This Article