Пожарот кај Светиниколско утринава  и утрово  е активен, фронтот на огнот е многу широк, но населените места не се во опасност

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пожарот кај Светиниколско утринава  и утрово  е активен, фронтот на огнот е многу широк, но населените места не се во опасност, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На терен се пожарникари, а има подготвени и  доволно припадници на Армијата кои се вклучуваат во гаснењето на пожарот.

Во текот на денот, на овој пожар ќе делуваат еден армиски хеликоптер ми-17 , како и трите ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот во Светиниколско е активен од вчера попладне и направи огромна штета на имотите на жителите.

Синоќа се гасеа пожари и во Прилеп, Куманово и во струмичко каде што  изгоре платформата за набљудување на Смоларскиот водопад, а пожарот ја зафати и околната шума на планината Беласица

Share This Article