Пожарникарите во Хонг Конг во петокот попладнево се уште се борат со пожарот што избувна во магацин. Евакуирани се 3.400 луѓе, соопшти полицијата.
Противпожарните екипи беа на местото на пожарот и ги евакуираа околните згради, вклучително и училиштата, а засега нема информации за жртви.
На две лица кои работеле во близина на локацијата каде избувнал пожарот им се слошило откако вдишале чад, а луѓето од четири училишта и една станбена зграда во близина морале да бидат евакуирани, соопшти полицијата.
Владата отвори привремено засолниште во спортскиот центар за евакуираните и ги советуваше граѓаните да ги затворат вратите и прозорците.
Пожарот избувнал околу 14 часот по локално време во складиште во станбена и индустриска област во Коулун.