More

    Пожар во Тексас направи да биде затворена фабрика за нуклеарно оружје

    spot_img

    Фабриката за производство на нуклеарно оружје во Пантекс е принудно затворена поради серија шумски пожари го зафатија северниот дел на американската сојузна држава Тексас. Опасноста од огнот што се шири доведе и до евакуација на илјадници жители, прекин на електричната енергија во илјадници домови.

    Силниот ветер и невообичаено високите температури уште повеќе ги разгоруваат пожарите во Тексас.

    Републиканскиот гувернер Грег Абот прогласи катастрофа во 60 окрузи откако вчера изгореа речиси 1.040 квадратни километри. Властите не ја објавија причината за шумските пожари што ги зафатија ретко населените области во Тексас.

    Непознат број домови и други објекти во округот Хачинсон се оштетени или уништени, соопштија локалните власти за вонредни состојби. Главниот објект каде што се собира и расклопува американскиот нуклеарен арсенал е затворен, а персоналот е евакуиран. Противпожарната служба на фабриката останала на локацијата. Од 1975 година, постројката Пантекс е главно место за склопување и демонтирање на атомски бомби во САД. Последната нова бомба беше составена во 1991 година.

    Според прогнозата, температурите утре во западен Тексас ќе бидат пониски, ветерот ќе слабее, а можен е и дожд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img