Пожарот го зафати научниот центар на Тесла во Ворденклиф, единствената преостаната лабораторија на Тесла на Лонг Ајленд, Њујорк, соопшти американската полиција.
Пожарот избувнал во научниот центар Тесла на патот Рендал во Шорехам нешто пред 17 часот во вторникот, пренесува News12.
Зградата датира од 1901 година и беше последната постојана лабораторија на Никола Тесла.
Тесла живеел во Шорхам околу три години и направил револуционерни откритија во областа на електричната енергија и безжичната технологија.
Еден пожарникар е повреден и хоспитализиран при гаснење на пожарот, јавуваат локалните медиуми, наведувајќи дека се уште не е позната големината на пожарот.
Зградата во моментов е во фаза на обемна реконструкција.