Пожар во куќа во село Стримница, Општина Желино, животот го загуби 90-годишен маж

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Синоќа по 23 часот избувнал пожар во куќа во селото Стримница, Општина Желино, а во пожарот животот го загубил 90-годишен маж, информираше регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) во Тетово.

Како што е наведено во информацијата, пожарот го гаснеле 11 пожарникари со 4 противпожарни возила.

„Регионалниот ЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово дека во период од 23.34 до 02.45 часот после полноќ со 11 пожарникари и 4 ПП возила гаснеле запалена куќа во с. Стримница, Општина Желино. Уште во текот на интервенцијата од ПС Групчин, конкретно во 00:19 часот дежурните известиле дека во пожарот машкото лице на 90 годишна возраст го загубило животот во големиот пожар. Од страна на тетовските пожарникарите починатото лице е извадено од куќата и за настанот беа известени јавен обвинител и лекар по судска медицина за понатамошна постапка, а увид на местото на пожарот извршила екипа од СВР Тетово. РЦУК Скопје ја пренесува информацијата од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје дека во изминатото деноноќие имала две помали интервенции на отворен простор“, се вели во соопштението на ЦУК.

Share This Article