Најмалку 31 лице загина кога траект со 250 патници и членови на екипажот се запали во близина на брегот на Филипините, соопштија локалните власти.
Во тек е спасувачка потрага по најмалку седум исчезнати лица, а 23 повредени се хоспитализирани.
Фериботот сообраќал од пристаништето Замбоанга, на југот на Филипините, до островот Џоло на југозапад.
Причината за пожарот не е позната.