Најмалку три лица се повредени при две силни експлозии во две станбени згради во Шведска.
Првата експлозија се случи доцна синоќа во Хаселби, предградие на Стокхолм, а втората денеска во Линсепинг, на околу 175 километри југозападно од Хаселби.
Во експлозиите се оштетени фасадите и прозорците на зградите, пренесе АП.
„Шведското радио“ објави дека експлозијата во Линчепинг е поврзана со конфликти меѓу две банди за дрога и оружје.
Полицијата соопшти дека сè уште нема уапсени во врска со експлозиите.
Од почетокот на годината во Шведска се регистрирани вкупно 261 престрелка во судири на банди, 36 лица загинаа, а 73 се повредени….