Повторно ни се случува недостиг на инсулинските терапии Ryzodeg, Ozeмpik и Rybelsus за пациентите со дијабетес, алармира Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Повторно ни се случува недостиг на инсулинските терапии Ryzodeg, Ozeмpik и Rybelsus за пациентите со дијабетесалармира Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Заради реевидирање на количините на Ryzodeg, согласно количините предвидени во реалзиација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, за сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалисти – еднокринолози/дијабетолози и заеднички направат вистинки избор за замена на инсулинска терапија, одговориле од Министерството за здравство на прашање од СЗДМ.

„Воедно, ја известуваме јавноста дека се појавува недостиг на терапија Ozeмpik i Rybelsus, дека побаравме информација од Министерството за здравство со чиј одговор, во моментов не мислислме дека е реален и продолживме со консултација со компаниите. Нашите информации говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти до потпишувањето на договоорот за набвака и планираните дополнителни количини, но за жал не сите и секој ја добива континуирано и навремено. Затоа ќе споделиме дополнителен став за состојбата со овие терапиивели СЗДМ.

Од здружението изјавуваат дека моменталната состојба само ги потврдува нивните долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терпија и помагала со отворен пазар и воведување референтни цени.

„Ние сакаме сериозно да го подигнеме квалитетот на животот на лицата со Дијабетес, со конкретни мерки и активности од државата. Затоа апелирама на сериозност на Министерството за здравство и транспаретно да се делува и навремено да имаме информации во тековниот период“ – се вели во соопштението на СЗДМ.

Share This Article