More

    Повторно ќе се постави оградата околу владината зграда

    spot_img

    Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои одлуката за враќање на оградата.

    „Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена“, информираат од владината прес-служба.

    Инаку оградата поставена околу зградата на Владата беше тргната во 2019 година. Со тоа се исполни ветувањето на премиерот Заев дадено пред повеќе од две години, во предизборието, дека отстранувањето на оградата и „отварање на Владата“ ќе биде приоритет откако тој ќе дојде на власт.

    Оградата на Владата чини 700.000 евра, а според договорот склучен во март 2015 година, ја постави градежната компанија „Бауер БГ“, која беше ангажирана на повеќе проекти финансирани од државата, меѓу кои и реконструцијата на фасадата на владиниот објект.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img