Тројцата пациенти кои беа тешко повредени во падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад сè уште се во тешка состојба, а лекарите даваат сè од себе во борба за нивните животи, изјави Весна Туркулов, директорка на Клиничкиот центар Војводина.
– Пациентите сè уште се во многу тешка состојба, сè уште се нестабилни. Лекарите од Клиничкиот центар прават максимални напори, има голем стручен тим, се бориме за нивните животи, а дијагностиката е постојано во тек – рече Туркулов за Танјуг.
Таа додаде дека над пациентите се спроведува 24-часовен мониторинг. Се работи за пациенти што лежат и кои сè уште се на апарати за вештачко дишење.
– Кога велам дијагностика, мислам пред сè на скенери, поради можно внатрешно крварење. Тоа е најважно, рече Туркулов.
Според неа, повреди од овој тип можат да се видат само во случаи на земјотреси.
– Крварењето и внатрешните модринки на сите ткива и органи – тоа е она што најмногу ги загрозува. Не надворешни трауми, туку тие повреди – рече директорката на Клиничкиот центар Војводина.
Клиничкиот центар не се занимава со прогнози, додаде таа, затоа што е неблагодарно, бидејќи сите се животно загрозени.
Во петокот се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 14 лица, а повеќе се повредени.