Коњ влетал во публиката на панаѓурот кај Бијело Поље, воЦрна Гора и повредил деца и една девојка.
Несреќата се случила за време на традиционалниот Илиндански панаѓур кој се организира во Лаѓевци кај Бијело Поље, објави Телеграф.
Инцидентот се случил за време на трката, кога еден од џокејите паднал од коњот, а животното истрчало покрај толпата и во еден момент втрчало во толпата.
„Коњот со голема брзина налета во толпата. Собори три деца и едно девојче. Сите останаа шокирани, а потоа се стрчаа кон повредените. Момче (11) и девојка (22), двајцата од Бијело Поље се тешко повредени“, велат очевидци.