Четири девојки на возраст од 18 до 20 години биле во автомобилот што вчера излета од патот кај Драчево.
Сообраќајната несреќа се случила на локалниот пат меѓу селата Количани и Драчево, кога „пунтото“ кое го возела 19-годишната М.С. од Скопје, излетало од коловозот.
„Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката С. М. (18) од Скопје, а телесни повреди добиле М. С. и уште две сопатнички – М. Д. (20) и М. М. (18), двете од Скопје, констатирани во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, информира МВР.
На местото на несреќата бил извршен увид.