Повозрасна брачна двојка од Тетово доби кривична пријава за производство и продажба на дрога, откако охридската полиција во нивниот дом во градот пронајде марихуана и семки од растението.
– СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (62) и Ѓ.Ѓ.(70), двајцата од Тетово, со живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори – пишува во полициското соопштение.
При претрес во нивниот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, полициските службеници „пронашле и одзеле марихуана и семки од растението канабис“, додаваат од МВР.