Повеќето Германци стравуваат од нуклеарен конфликт

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
The German flag flies on a military vehicle at the military base of Kaufbeuren, southern Germany, during an Open Day of Germany's armed forces, the Bundeswehr, on June 17, 2023. (Photo by Christof STACHE / AFP)

Повеќе од половина од германските граѓани се плашат од радиоактивно зрачење како резултат на вооружени конфликти, покажа истражувањето на јавното мислење на Федералната канцеларија за заштита од радијација (BfS) објавено во вторник.

„Стравот е директно поврзан со војната во Украина“, вели директорката на BfS, Инге Паулини.

Според резултатите од истражувањето, 58 отсто од граѓаните стравуваат од радиоактивно зрачење како последица на нуклеарен конфликт, додека во исто време 57 отсто од анкетираните стравуваат од радијација предизвикана од несреќа во атомска централа.

„Од избувнувањето на војната во Украина во февруари 2022 година, перцепцијата за опасноста од радијација значително се промени. Тоа не е поврзано само со стравот од употреба на нуклеарно оружје, туку и со распадот на атомските централи во воена зона, како што е атомската централа во Запорожје“, изјави Паулини при објавувањето на резултатите од истрагата.

Во изборната кампања за предвремените избори што ќе се одржат на крајот на февруари, две популистички партии од десниот и левиот спектар, Алтернатива за Германија и Алијансата Сахра Вагенкнехт разговараат за опасноста од нуклеарен конфликт, кој според нив , се зголеми поради германската помош за Украина.

Во истото истражување, 22 отсто од граѓаните изјавиле дека се штитат и од негативното зрачење кое доаѓа од мобилните телефони.

Share This Article