Повеќе од четири часа траела операцијата на Бојан Јовановски-Боки 13, кој остана речиси без желудник. Тој беше опериран од тим на специјалисти, меѓу кои беше и хирургот од болницата „Св. Наум Охридски“, Стојанче Јованов, кој за „Макфакс“ посочува дека операцијата била премногу комплицирана и ризична.
– Отстранет е речиси целиот желудник. Многу мал дел од желудникот е оставен. Отстрането е сè друго заедно со дванаесетпрсното црево. Направена е ризична операција, пациентот сега е во ризична состојба, не во животозагрозувачка. Очекуваме да немаме компликации – вели хирургот Јованов за „Макфакс“.
Боки 13 е во шок-соба, а неговото будење по анестезијата ќе биде бавно и тешко.
– Закрепнувањето не се знае колку ќе трае. Компликациите се тешки и смртоносни, во тоа е проблемот. Затоа бараме мир по вакви ситуации. Многу тешка и комплицирана операција – додава тој.
– На Бојан му се отстранети сите преканцерогени ткива и голем дел од желудникот. Операцијата заврши успешно и сега тој е на интензивна нега – потврди Дуковски за „Република“.
Поради неговата лоша здравствена состојба неговиот правен тим бараше прекин на затворската казна но барањето беше одбиено.
Јовановски од затвор го најави и случајот „Бумеранг“ со околу еден милион „бомби“, разговори и смс пораки за актуелни политичари, судии, обвинители и функционери.