More

    На Интернет кружи неверојатна фотографија од претрес на стан во Ливерпул

    Британското јавно обвинителство објави урнебесна фотографија од маж кој се крие од полицијата. Етмонд Лика (32) се обидел да ѝ побегне на полицијата која го барала за нелегално производство на канабис, а за тоа искористил генијално „скривалиште“.

    Лика се појави во Судот на Ливерпул преку видео врска овој вторник, откако беше уапсен на крајот на февруари. Тој се изјасни за виновен по обвинението за производство на канабис, а се беше откриено на 24 февруари кога дошол бравар да ја смени бравата на влезната врата, пренесува „Liverpool Echo“.

    При влегувањето во куќата, браварот забележал нешто што личело на инсталација за производство на канабис, поради што повикал полиција. Истото попладне, полицијата пристигнала во домот и го пронашла спорниот растителен распоред со околу 200 растенија канабис во шест соби. Полицајците нашле и докази дека некој живеел во таа куќа, но дека во тој момент немало никој или така мислеле. И додека полицајците трагале, Лика се обидел да побегне преку светларникот, криејќи се на самиот покрив, но на крајот бил уапсен.

    32-годишникот бил испрашуван од полицијата и првично рекол дека не бил вклучен во целата операција, но признал дека во септември минатата година со брод пристигнал во Велика Британија. Признал и дека дал 5.000 евра за да се пресели на островот. Адвокатот на Лика пред судот изјави дека неговиот клиент добивал 100 фунти дневно да живее во куќата и дека тој ја напуштил Албанија од безбедносни причини.

    – Сака да работи, но сега знае дека требало да биде поинаку. Тој разбира дека мора да биде казнет за ваков тип на прекршок – рече адвокатот. Една недела пред да биде уапсен, тврди одбраната, Лика бил бездомник. И покрај тоа, тој беше осуден на две години и четири месеци затвор.

    фото: Courtesy of the Crown Prosecution Service
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img