Најмалку 51 лице загина откако силен дожд предизвика поројни поплави во југоисточна Шпанија, соопштија властите.
Првиот човек на регионот на Валенсија, Карлос Мазон, потврди дека службите за итна помош ги пронашле мртвите тела, но дека од почит кон семејствата нема да дава дополнителни информации.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека поплавата предизвикува хаос, урива мостови и влече автомобили по улиците. Друго видео покажува како луѓето се држат за дрвја за да не бидат однесени.
Шпанската метеоролошка служба објави дека Чива, во регионот на Валенсија, во вторникот забележал 491 мм дожд за само осум часа, што е еднакво на дожд во вредност од една година.
Наводно, радио и ТВ станиците примиле стотици повици за помош од луѓе заробени во поплавените подрачја или во потрага по членови на семејството, додека службите за итни случаи се борат да стигнат до некои области.
Поројните дождови предизвикани од студениот фронт што се движи низ јужниот и источниот дел на земјата, во вторникот ги поплавија патиштата и градовите, поради што властите во најтешко погодените области ги советуваат граѓаните да останат дома и да ги избегнуваат сите несуштински патувања.
Големи поплави ја зафатија источна Шпанија, особено регионот Валенсија, поројните дождови предизвикаа хаос на патиштата, а властите трагаат по неколку исчезнати лица.
Итните служби, објавија светските медиуми, работат на спасување на луѓето од поплавените подрачја.
Полицијата во градот Л’Алкудија трага по возач на камион кој се води како исчезнат од рано попладне.