More

    Повеќе од 3.000 работници ја чекаат конечната одлука

    spot_img

    Германскиот производител на луксузни автомобили Ауди  одлучи да ја затвори својата фабрика во близина на Брисел која се смета за колевка на неговите електрични автомобили, објави белгискиот весник L’Echo, повикувајќи се на состанок меѓу раководството и работниците, што подоцна го потврди автомобилскиот производител.

    Затворањето доаѓа во време кога Фолксваген, главно поради конкуренцијата од Кина, се соочува со тешкотии и планира да затвори најмалку три фабрики во Германија, со отпуштања и намалување на платите, пишува Форбс.

    Затворањето на фабриката во Форест, јужно од главниот град на Белгија, каде што се вработени околу 3.000 луѓе, ќе се случи на 28 февруари 2025 година, потврдија од синдикатот.

    Датумот беше договорен вчера на состанок на кој раководството увери дека нема да има отпуштања до крајот на годината.

    Раководството компанијата објасни и дека е во разговори со потенцијален инвеститор за фабриката во Брисел. Не се открива со кого се преговара, но се вели дека е производител на мали комерцијални возила. Конечната одлука за судбината на фабриката ауди ќе ја донесе следната недела.

    -Разговорите со работниците за можни отпуштања се во тек, изјави директорот за комуникации на Audi во Брисел, Питер Д’Хор.

    Матичната компанија на Ауди Фолксваген, веќе најави дека ќе затвори три фабрики во Германија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img