Во две операции на Средоземното Море во близина на Либија беа спасени 258 мигранти.
Спасувачкиот брод „Лекари без граници“ прво спаси дури 162 луѓе од дрвениот чамец, меѓу кои 17 жени и 29 деца, од кои многумина беа во тесниот простор под палубата. Бродот имал мотор, но немал систем за навигација, изјави еден од координаторите за спасување.
Повеќето од луѓето во тој чамец биле Сиријци и Египќани, од кои некои биле мртви.
Во друго спасување од сличен чамец, имало 96 лица, меѓу кои девет деца, главно Сиријци.
Италијанската поморска управа нареди спасените да бидат однесени во пристаништето Салерно, во близина на Неапол, од кое спасувачкиот брод е оддалечен 400 километри.
Според статистиката на италијанското МВР, годинава до денеска во Италија пристигнале околу 136.000, а лани истиот период 72.000.