Повеќе од 100 израелски војници се убиени од почетокот на копнената офанзива во Појасот Газа, соопшти денеска армијата.
Објавен е и идентитетот на уште тројца израелски војници убиени во борбите во Појасот Газа.
На прашањето на агенцијата Франс прес, беше прецизирано дека досега во израелската копнена офанзива во Газа загинале 101 војник.
Нападот на Хамас започна на 7 октомври, а израелската копнена офанзива во Газа започна 20 дена подоцна.