More

    Повеќе не се можни половичните мерки на ЕУ

    spot_img

    Со војната во Украина, Русија сака да спушти „завеза од крв“ меѓу себе и нејзините европски соседи, изјави денеска француската државна секретарка за европски прашања, Лоренс Бун, цитирана од француските медиуми.

    Бун им честиташе на Украина и на Молдавија за добивањето официјален статус на земји кандидати за членство во Европската унија.

    – Овој статус е од витално значење за овие земји – рече таа, додавајќи дека „половични мерки не се можни кога Русија избра да повлече крвава завеса меѓу себе и нејзините соседи“.

    – Украина е место на „неискажливи злосторства“ од страна на руските војници и е вклучена во „војна во која мора да победи, бидејќи нејзината иднина зависи од неа, како и нашата – рече Бун за време на дебатата за завршеното француско претседателство со Советот на Европската Унија.

    Таа им честиташе на 27-те земји-членки што одговорија на руската инвазија со „колективен одговор на невидени санкции со досега незабележен обем“, чија цел е „да ја отежнат војната за Русија економски, финансиски и воено“.

    Според оценката на Бун, ЕУ успеала да „скрши едно големо табу“, финансирајќи го  вооружувањето на Киев.

    -Времето за стратешка умереност заврши – нагласи таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img