More

    Повеќе хрватски институции беа мета на хакерите

    spot_img

    Поради хакерски напад што се случил рано утрово, сите информациски системи во Клиничко-болничкиот центар Загреб се исклучени, но новонастанатата ситуација нема да ги загрози пациентите, соопштија од здравствената установа.

    „Поради оваа причина бевме принудени да ги исклучиме сите системи поради дополнителни проверки и ќе ги вратиме во функција кога ќе се увериме во нивната исправност. Оваа ситуација нема да ги загрози пациентите во КБЦ Загреб“, соопштија од установата, а пренесува Хина.

    Хакерскиот напад врз болницата се случи еден ден по ДДоС нападот врз неколку интернет страници на хрватски институции, меѓу кои и Министерството за финансии, Даночната управа, Хрватската народна банка и Загрепската берза, кои повторно проработеа ноќеска околу 20 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img