More

    Потресна приказна за најмладите жртви од трагедијата во Нови Сад

    spot_img

    Дедото Ѓорѓе Фириќ(53) кој загина со своите две внуки во уривањето на натстрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад во петокот не ги испуштил децата од рака. Тие биле најдени во урнатините фатени за рацете.

    Валетина(10) и Сара(6) беа најмлади жртви во трагедијата во која загинаа 14 лица, а тројца се борат за живот.

    Ѓорѓе ги носел внуките во Лозница кај другиот дедо Бранко затоа што имале куќна слава Св.Лука. Не ги испуштал од рака за да не истрчаат на патот. Бетонската покривка врз нив паднала од десет метри.

    Таткото на Тина и Сара бил единствениот кој ги видел телата. Тој бил повикан да ги идентификува.

    – Само тој, од сите нас, ги виде телата. Ние останатите немаме сила за тоа. Оттогаш тој не проговорил ниту еден збор. Сите од петокот сме под седативи, без нив немаше да издржиме толкава тага – со едвај чуен глас рече Бранко Матиќ ,другиот дедо не девојчињата.

    Како што вели, срцето му се скршило кога спасител му кажал дека Ѓорѓе, Тина и Сара се пронајдени рака под рака под урнатините.

    – Ѓорѓе не ги пушти и кога беше мртов – рече тој.

    Во куќата на семејството Фириќ постојано доаѓаат соседи, познати и непознати жители на Ковиље, населба со околу пет илјади жители, оддалечена триесетина километри од Нови Сад.

    Внуките беа погребани со дедото на локалните гробишта во Ковиље.

    Семејствата Фириќ и Матиќ му се благодарни и на градот Нови Сад, кој донесе одлука да им помогне на семејствата и да ги сноси трошоците за сите погреби.

    И Јавното претпријатие „Чистота“ каде што бил вработен Ѓорѓе Фириќ му понудило помош на семејството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img