Потресна исповед на лекар кој ја победи зависност што му го уништи животот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Доктор од Србија, кој побарал анонимност, ја сподели својата искрена и потресна приказна за борбата со зависноста од психоактивни супстанции.

Тој признава дека консумирањето наркотици започнало како „рекреативна навика“ без размислување за последиците, но со текот на времето прераснало во сериозен проблем што го уништил секој аспект од неговиот живот.

– Почнав сосема случајно, земајќи супстанции повремено, без да размислам што тоа значи. Но, наскоро веќе не можев да поминам ниту еден ден без нив. Сè стана секојдневна потреба – изјави докторот.

Тој додаде дека го изгубил чувството за контрола и количината на супстанциите што ги консумирал.

Неговите родители одиграле клучна улога во неговото спасување, поттикнувајќи го доброволно да започне програма за лекување во специјалната болница за болести и зависности. Болницата, која лани одбележа 65 години од своето постоење, досега има третирано над 16.000 лица зависни од наркотици.

– Како лекар, требаше да бидам свесен за ризиците, но сепак паднав во оваа замка. Детоксикацијата беше само првиот чекор. Моментално сум во интензивна фаза на рехабилитација која трае две години – објасни тој.

Рехабилитацијата вклучува групна психотерапија двапати неделно, каде што пациентите ги споделуваат своите искуства.

– Нема ноќни излегувања, интернет, па дури ни самостојно движење. Тоа личи на затвор, но наградата е огромна – враќање на нормалниот живот – вели докторот.

Со силна порака за другите кои се борат со зависноста, тој истакна: „Важно е да се даде шанса на лекувањето. Верувајте дека победата е можна“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article