More

    Потреси имало и во Босна и Херцеговина и Србија

    spot_img

    Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала во 4.6 часот го погоди западниот дел на Црна Гора, а потресот се почувствувал и во Босна и Херцеговина и Србија.

    Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMCS) соопшти дека епицентарот бил на длабочина од 10 километри, на 32 километри северозападно од Никшиќ.

    Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопшти дека епицентарот бил на 5 километри од градот Чараѓе во општина Плужине. Фокусното место било на длабочина од 14 километри.

    Од Институтот наведуваат дека земјотресот можел да предизвика одредена материјална штета во епицентралното подрачје.

    По главниот земјотрес во регионот се почувствувани уште 30 потреси. Досега нема информации за повредени и причинета материјална штета.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img