More

    Потресен случај на семејно насилство во Белград

    spot_img

    Случај на невидено семејно насилство, што беше обајвен денеска, ја потресе Србија. Девојче на осум години, чиј татко со години го држел заробена во када, е спасено во последен момент, изгладнето и дехидрирано, така што едвај давало знаци на живот,

    Девојчето го спасиле две полицајки кои упаднале во зградата во која живеел насилниот татко во белградската населба Мириево. Полицајките го нашле девојчето едвај живо во када, каде било присилено да престојува цело време.

    Таткото Урош Пашалиќ (37), кој со години го малтретирал девојчето и го го држел заклучено во станот, сега е во бегство, а против него е распишана потерница и одредена му е мерка притвор.

    Случајот е откриен во неделата, кога неговата сопруга Ивана дошла во полициска станица со скршен нос и модринки под окото и го пријавила за насилство.

    – Дојде цела претепана и облеана во крв. Таа пријави дека Урош ја тепал и дека во станот има осумгодишно девојче кое е држено како робинка. Полицијата отишла во станот и наишле на страшна глетка. Малото девојче било спасено – изјавил за Телеграф извор од истрагата.

    Девојчето било толку неухрането што изгледало како бебе, а соседите велат дека со години не знаеле дека во соседниот стан живее дете.

    – Сме имале дете веднаш под носот, но дури утрово дознав дека тој (Урош) има дете? Го гледав повремено, не толку често во последно време. Порано полицијата беше тука 24/7, постојано доаѓаше. Тој и таа жена му постојано се тепаа. Пред два-три дена се слушнаа чудни звуци, како липање – раскажува за Телеграф сосед од зградата.

    За соседот Урош соседите велат дека бил дилер со дрога и дека често имал проблеми со полицијата.

    Девојчето е однесено на лекарски прегледи и медицинска нега, а потоа ќе биде сместено во дом за деца без родители, објавуваат српските портали.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img