Американски и канадски тимови ја продолжуваат потрагата по туристичката подморница „Титан“, со пет лица, која исчезна во близина на потонатиот брод „Титаник“ во средината на Атлантикот.Контактот со малата подморница е изгубен околу час и 45 минути откако таа нурна во неделата.
Покрената е спасувачка операција, но засега нема траги од подморницата, јави Би-Би-Си.
Во понеделникот попладне, администраторот Џон Маугер од американската крајбрежна стража рече:
„Очекуваме да има некаде помеѓу 70 и цели 96 часа (кислород) на располагање во овој момент“.
OceanGate Expeditions, компанија која нуди осумдневни мисии за гледање на остатоците од Титаник по цена од 250.000 долари по човек, потврди дека нејзината подморница била изгубена во морето со членовите на екипажот.
Се верува дека на бродот е и главниот извршен директор на компанијата Стоктон Раш, кој претходно ја опиша подморницата како „цврста и карпа“.
Компанијата во соопштението наведе дека ги „истражува сите опции за безбедно враќање на екипажот“.