Потрагата по 2-годишното девојче во ќорсокак

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вишиот суд во Зајечар им го продолжи притворот за уште 30 дена на Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, осомничени за убиството на 2-годишното девојче Данка Илиќ, која исчезна на 26 април во Банско Поље кај Бор во Србија.
Осомничените се во притвор од 6 април поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување траги од извршување на кривично дело, како и нарушување на јавноста.

Во притвор е и таткото на осомничениот Дејан Драгијевиќ, кој утре ќе биде пуштен да се брани од слобода, бидејќи за кривичното дело помагање на сторителот по извршувањето на делото, притворот не може да трае подолго од два месеци.
Тој е осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето по убиството.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.

Во продолжение на истрагата за убиството на 2-годишната Данка Илиќ, во Вишото јавно обвинителство во Заечар беа сослушани двајца нови сведоци. Српските медиуми пренесуваат дека бил сослушан  директорот на ЈКП „Водовод“ од Бор, кој си поднесе оставка откако за стореното дело беа уапсени вработените во таа фирма Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ. Вториот сведок вчера беше сослушан е жител на селото Лука, познаник на осомничениот Јанковиќ.

Според неофицијалните сознанија, поранешниот директор на „Водовод“ сведочел за работните налози за Драгијевиќ и Јанковиќ, за нивното заминување и враќање од терен на 26 март, кога, како што се сомнева, во Бањско поле кај Бор, го прегазиле девојчето со службен автомобил, а потоа нејзиното тело го натоварило во возилото и подоцна го фрлиле на депонија.

– Во досега доставените биолошки вештачења не е утврден ДНК профилот на Данка Илиќ. Обвинителството го очекува остатокот од биолошките вештачења – изјавија од ВЈТ Заечар.

Share This Article