Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок кој се одржа во Вашингтон.
Молитвениот појадок е настан кој на едно место ги собира меѓународните претставници од различни националности, вери и религии заедно со членовите на Американскиот Конгрес и претставниците на Администрацијата на САД. Оваа година на настанот се обратија Претседателот на САД, Џо Бајден и Кралот на Јордан, Абдула II. Обединувањето, соработката и меѓусебната поддршка беа во фокусот на пораките кои оваа година беа испратени во рамки на овој настан.
„ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која гради и негува цврсти односи и пријателства со своите меѓународни партнери“, напиша Муцунски на својата фејсбук страна и додаде дека за него вистинско задоволство е учеството на Националниот молитвен појадок.
Муцунски потенцираше дека присуството на овој настан е уште една потврда за одличните односи со нашите партнери од САД, можност за промоција на стратешките интереси на Македонија и градење на нови мостови на меѓународно ниво кои се засноваат на меѓусебна почит, соработка и разбирање.
„Овој настан и останатите средби кој ги остварив рамки на посетата на Соединетите Американски Држави се одлична основа за продлабочување на меѓусебното партнерство и соработка“, заклучи тој во својата фејсбук објава.