Неколку службеници од општина Лепосавиќ во Косово беа фатени на снимка како се дрогираат во тоалет на работното место. Меѓу нив е и Драгана Милетиќ, потпретседателка на општината, која набргу по аферата беше разрешена. Таа потоа изјави дека била „принудена да се дрогира“.
– Тоа е лага. Ова го измислуваат тие од Српска листа, за да ми го загрозат името и позицијата во општина Лепосавиќ. Од почетокот на мојот мандат се појавија разни приказни, само да ме уништат. Ми ја запалија и колата. Неверојатно е колкав притисок ми прават, но ќе се борам до краj – изјави Милетиќ за приштинскиот медиум „Национале“.
Таа вели дека сама го контактирала медиумот да даде изјава и се пожали дека и се заканиле дека ќе ѝ ја бомбардираат куќата. Косово онлајн напиша дека таа за ова го информирала и обвинителството.
Откако беше утврдено дека снимката е автентична, Милетиќ беше разрешена од претседателот на општина Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми.
На друга објавена снимка се гледа и полицаец од општината како конзумира дрога. Тој потоа бил разрешен од Полицискиот инспекторат на Косово (ПИК).