More

    Потенцирана одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и фондацијата Конрад Аденауер

    spot_img

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денес оствари средба со официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во Македонија, Даниел Браун.

    На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и за претстојните претседателски и парламентарни избори – информираа од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Мицкоски потенцираше дека во Македонија власта е извор на високата корупција и  криминал, практично да нема ден во кој не излегува афера поврзана со лица од власта.

    Воедно, Мицкоски укажа на катастрофалната економска состојба во државата, огромната сиромаштија која постојано расте, актуелната власт не е способна да се справи со кризата, напротив нејзините политики ја продлабочуваат кризата, а за истото сведочи и последниот извештај на Светската банка за земјава.

    На средбата беше истакната одличната соработка на ВМРО-ДПМНЕ и КАС, при што посочен беше големиот придонес кој Фондацијата го дава преку бројните обуки и помош за партијата како и тоа дека соработката продолжува и понатаму, воедно беше нагласена и поддршката и соработката која ВМРО-ДПМНЕ ја има со германската сестринска партија ЦДУ “ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img