Зошто зајачињата се дел од традицијата за Велигден, особено во западното христијанство? Таму Велигден се нарекува „Истер“, што веројатно доаѓа од божицата на плодноста Иштар во древниот Вавилон за која се смета дека ѝ биле жртвувани зајачиња. Всушност, Иштар доаѓа од Ашур што значи Исток, или Азија, а Ереб е Европа, местото каде сонцето заоѓа. Векови подоцна оваа традиција ќе остане и кај нас помешана со црвените јајца, воскресението…Зборот Пасха дошол подоцна и е со еврејско потекло.
Всушност, се смета дека празнувања за Иштар преживеале до времето кога императорот Константин го направил христијанството легална религија во Римската империја, па празникот само бил преземен. Други кандидати се германската паганска божица Еостре, а прикази со зајачиња се јавуваат и кај грчката Афродита.
Афродита, Богородица и неизгасливата желба
Но, можеме да се вратиме многу поназад, дури во праисторијата. За време на неолитот во Европа на зајаците им биле давани ритуални погребувања покрај луѓето. Археолозите го протолкувале ова како религиозен ритуал, со зајаци кои го претставуваат повторното раѓање. Повеќе од илјада години подоцна, за време на железното време, ритуалните погребувања на зајаци биле вообичаени, а во 51 пр.н.е., Јулиј Цезар спомнал дека во Британија зајаците не се јадат поради нивното религиозно значење.
Цезар веројатно знаел дека во класичната грчка традиција, зајаците биле свети за Афродита, божицата на љубовта. Синот на Афродита, Ерос, честопати бил прикажан како носи зајак како симбол на неизгаслива сексуална желба.
Од античкиот свет преку ренесансата, зајаците често се појавуваат како симболи на сексуалноста во литературата и уметноста. На пример, Дева Марија често е прикажана со бел зајак симболизирајќи дека таа го надминала сексуалното искушение.
Месото од зајаци и пакоста на вештерките
Јадењето на зајак можеби било поврзано со разни долги народни традиции за плашење на вештерките на Велигден. Низ северна Европа, народните традиции бележат силно верување дека вештерките честопати добиваат форма на зајак , обично за предизвикување зло како што е крадење млеко од кравите на соседите. Се вели дека вештерките во средновековна Европа можеле да ја цицаат животната енергија на другите.
Идејата дека зимските вештерки треба да бидат протерани на Велигден е вообичаен европски народен мотив кој се појавува во неколку свечености и ритуали. Пролетната рамноденица, со ветувањето за нов живот, е во спротивност со вештерките и зимата. Ова го објаснува Остерфест, фестивалот на Истокот во Германија.
Јајцето го има во сите религии
Не е Велигден без вапсање јајца. Зборот вапса е грчки и значи „бојадисува“. Во православието црвената боја ја означува крвата на Исус од распетието, но таа е и победничка боја, победа над смртта. А во другите религии?
Хиндуизмот прави врска помеѓу содржината на јајцето и структурата на универзумот: на пример, лушпата го претставува небото, белката – воздухот, а жолчката – земјата. Chandogya Upanishads го опишува чинот на создавање во смисла на кршење на јајце.
Во Зороастријанизмот, митот за создавањето кажува за тековната борба помеѓу принципите на доброто и злото. За време на долготрајното примирје од неколку илјади години, злото се фрла во бездна, а доброто снесува јајце, кое го претставува универзумот со земјата висната од сводот на небото на средината помеѓу местото каде што живеат доброто и злото. Злото го прободува јајцето и се враќа на земјата, а двете сили ја продолжуваат својата битка.
Во Кина, постојат неколку легенди за космичкото јајце. Според нив, првото суштество или одредени луѓе се родени од јајца. На пример, Палангите велат дека потекнуват од принцезата Нага која снела три јајца.