Тежок инцидент се случил вчера во градот Урошевац. Момче од 14 години било пронајдено без знаци на живот во улицата Имри Незири. Телото на починатиот било пронајдено искрварено, информираат од Итната помош во Урошевац.
Првите сомнежи се дека 14-годишникот сам си пресудил, бидејќи на местото на настанот било пронајдено огнено оружје и чаури кои како материјални докази се одземени.
Извори на Индексонлајн информираат дека се работи за момчето Или Незири.