More

    Постоела загриженост за нуклеарниот арсенал во Белорусија

    spot_img

    На таен брифинг минатиот четврток меѓу претставници на Пентагон, конгресмени и претседателската администратија на САД била изнесена информацијата дека во Русија се планира пуч од страна на Евгениј Пригожин, пишува Њујорк тајмс повикувајќи се на анонимни извори запознаени со случајот.

    Според весникот, соговорниците на брифингот не знаеле каков ќе биде резулатот на најавениот пуч, но биле загрижени дека тоа може да влијае на контролата на рускиот нуклеарен арсенал.

    По вчерашниот разговор кој го воделе Пригожин и белорускиот претседател Александар Лукашенко во јавноста излезе шпекулацијата дека Пригожин би можел да раководи со руското нуклеарно оружје кое треба да биде распоредено во Белорусија.

    Според „Вашингтон пост“, првите сигнали за бунтот се појавиле веќе во средината на јуни. Се чини дека одлуката е донесена откако Министерството за одбрана побара од сите „волонтерски“ организации (ова ги вклучува и приватните воени компании) да потпишат договори со него.

    Американскиот претседател Џо Бајден минатиот октомври зборуваше за опасноста што Владимир Путин би можел да ја претставува доколку се чувствува во ќош, потсетува весникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img