More

    Постигнат е договор за прекин на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан

    spot_img

    Етничките Ерменци во отцепениот азербејџански регион Нагорно-Карабах се согласија на рускиот предлог за прекин на огнот во средата, 24 часа откако Азербејџан започна офанзива за да ја врати контролата врз енклавата во која загинаа десетици, а стотици беа повредени.

    Ерменските сепаратистички сили во Карабах рекоа дека Азербејџан ги прекршил нивните линии и запленил бројни високи и стратешки патни јазли додека светот стоел на страна и не преземал ништо.

    Самопрогласената „Република Арцак“ соопшти дека во такви околности нема друг избор освен да ги прекине непријателствата од 13 часот по локално време во среда.„Властите на Република Арцах го прифаќаат предлогот на командата на рускиот мировен контингент за прекин на огнот“, се вели во соопштението.

    „Со посредство на командата на рускиот мировен контингент стациониран во Нагорно-Карабах беше постигнат договор за целосен прекин на воените дејствија од 13 часот на 20 септември 2023 година.

    Азербејџан потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот.

    Руските мировни сили му го пренесоа на Азербејџан апелот на Ерменците од Карабах за прекин на огнот.

    Азербејџан ја започна својата операција против Нагорно-Карабах во вторникот, откако некои од неговите војници беа убиени во, како што рече Баку напади од планинскиот регион, кој Азербејџан го изолираше.

    Баку побара сепаратистичките политички власти во Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, исто така да се распуштат пред какви било разговори за иднината на регионот, кој Азербејџан сака целосно да го интегрира, и да го положат оружјето и да се разоружаат.

    Нагорно-Карабах е меѓународно признат како дел од Азербејџан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img