More

    Постигнат договор за евакуација, се очекува бројката да се зголеми на илјадници

    spot_img

    Египет, Израел и Хамас во посредство на Катар и САД договорија да им се дозволи на странските државјани и на некои сериозно повредени цивили во Појасот Газа да ја напуштат областа, објави Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор. Не е одредена временска рамка до кога преминот Рафа ќе биде отворен.

    Египет ќе дозволи до 400 странци да ја напуштат Газа, а првично ќе прими помалку од 100 Палестинци. Но, се очекува бројот да се зголеми на илјадници во наредните еднови, рекле официјални лица од Египет, напиша Волстрит Џурнал.

    Извор од палестинската гранична управа во изјава за француски медии наведе дека се работи за 81 тешко повреден жител на Газа на кои ќе им биде дозволено да влезат во Египет денеска преку преминот Рафа. Египетски функционер рече дека првите странци што ќе ја напуштат Газа тоа ќе го сторат денеска.

    Генералниот секретар на Црвената полумесечина во Северен Синај, Раед Абдел-Насер, изјави за ДПА дека се очекува околу 80 ранети лица да бидат пренесени во болниците во северен Синај во Египет.

    Египет распореди денеска околу 40 амбулантни возила на преминот Рафа за да пренесе повредени Палестинци во египетските болници на лекување. Теренска болница за лекување на Палестинците е формирана во близина на Газа.

    Во меѓувреме телефонските и интернет услугите во Газа се „целосно прекинати“, соопшти палестинскиот провајдер Палтел. Ова е втор „целосен комуникациски мрак“ за една недела.

    Израел вели дека 11 војници биле убиени во копнените борби во Газа синоќа.

    Вашингтон потврди дека на терен се и американските командоси кои помагаат да се пронајдат 200-те израелски заложници кои се во рацете на Хамас. Главната задача на американските специјални сили е да му помогнат на Израел „да ги идентификува заложниците, вклучително и оние кои се државјани на САД“, соопштија од Вашингтон.

    Израелските одбранбени сили ИДФ вчера соопштија дека успеале да влезат во воена база во тунелите испод Газа кои ги контролира Хамас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img