Постигнат договор со одгледувачите на овци на средбата во Битола

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

За време на вчерашната посета на битолскиот регион, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, одржа средба со одгледувачите на овци.

На состанокот, во отворена и конструктивна дискусија, беше постигнат договор со кој новата системска мерка за предадено јагне во кланичен капацитет во висина од 400 денари ќе се продолжи во текот на цела година, а не само до мај како што беше досега. Дополнително, на барање на сточарите основната субвенција во износ од 1200 денари по грло продолжува да важи и понатаму, согласно новата Програма за финасиска поддршка во земјоделството.

Министерот Николовски на средбата со одгледувачите на овци информираше дека во соработка со АХВ и Платежната агенција формирано е Координативно тело кое ќе ги следи интензивните контроли на терен за да се утврдат сите можни манипулации, контрола на ветеринарните друштва и утврдување на точната бројка на овците. Податокот кој ќе произлезе од ваквата контрола ќе биде клучен за понатамошното креирање на мерките за поддршка на овчарството.

Исто така, од оваа година за секторот земјоделство, на располагање ќе бидат и нови 250 милиони денари обезбедени од интервентниот фонд.

Ова се дополнителни средства, покрај субвенциите и ќе бидат на располагање во случаи доколку земјоделците се соочат со потешкотии на пазарот и проблеми во производството.

Share This Article