Се согласивме дека сите претходни договори за дијалог мора целосно да се спроведат – изјави специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, по вчерашната ненајавена посета на Приштина и средбите со премиерот на Косово Албин Курти и шефот на преговарачкиот тим во Брисел Бесник Бесљими.
Лајчак на „Твитер“, заедно со фотографија од вечерата со Курти и Беслими, објави дека се вратил во Косово за да продолжи со „чесните, отворени и интензивни дискусии“ за следните чекори и за патот кон нормализирање на односите со Србија.
Во синоќешното интервју за ТВ Кљан Косова, пред заедничката вечера со Курти и Бесљими, словачкиот дипломат и претставник на ЕУ предупреди дека партијата што ќе го одбие европскиот предлог ќе се соочи со намалување на поддршкатa.
– Меѓународната заедница мора да одговори на соодветен начин и ќе ја поддржи повеќе едната страна или ќе ја намали поддршката за другата страна – рече Лајчак во емисијата „Рубикон“.
Наведувајќи дека разговорите за планот на ЕУ за Косово се водат одделно со сите страни Лајчак рече дека очекува Косово и Србија да го прифатат и потпишат предлогот.