More

    Последно испраќање на дел од жртвите од масакрите

    spot_img

    На белградските гробишта денеска ќе бидат погребани четворица ученици и чуварот, кои загинаа во престрелката во ОУ „Владислав Рибникар“, а во Мало Орашје ќе бидат погребани пет лица кои загинаа во престрелката кај Младеновац.

    На Новите гробишта во Белград ќе биде погребан М.К. во 11.30 часот, како и М.А. во 15 часот и 30 минути, додека А.Д. ќе биде погребан на гробиштата Нова Бежанија во Белград во 15 часот и 15 минути. Погребот на Е.К. ќе се одржи на Централните гробишта со почеток во 12:30 часот, додека чуварот на училиштето Д.В. ќе биде погребан во Лешќе во 12:15 часот.

    Според жителите на Мало Орашје, погребот на петте момчиња кои загинаа во престрелката ќе се одржи денеска во 14 часот, а во недела се закажани уште три погреби, исто така во 14 часот.

    Во понеделник на Новите гробишта во Белград ќе бидат извршени два погреба. Прво ќе биде погребан А.Б. во 15 часот, а потоа А.Ч. во 16 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img