More

    Последниот град под контрола на украинските сили во регионот Луганск, би можел да падне во рацете на руските сили

    spot_img

    Советникот на украинскиот претседател Володомир Зеленски, Олексиј Арестович, денеска изјави дека Лисичанск, последниот град под контрола на украинските сили во регионот Луганск, би можел да падне во рацете на руските сили бидејќи борбите се интензивираа викендов.

    -Се ќе биде многу појасно за ден-два, кажа Арестович.

    „Ова е вистинска закана. Ќе видиме. Не исклучувам ниту еден  исход. Работите ќе станат многу појасни за ден или два“, рече Арестович.

    Гувернерот на Луганската област, Серхи Хајдај, изјави дека Русите не попуштаат во нападот врз Лисичанск и од сите страни се приближуваат кон опколениот град.

    Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, пак, денеска го информирал претседателот Владимир Путин дека и Лисичанск е заземен и дека целиот регион на Луганс е ослободен, пренесе Тасс.

    -Воспоставена е целосна контрола над Лисичанск и околните области, наведе Шојгу и додаде дека само во последните 24 часа руските сили и силите на проруските сепаратисти во и околу Лисичанск освоиле 182 квадратни километри територија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img