Со натпреварите од последното коло во групите Е, Ф, Г и Х се комплетираше последното коло од Лигата на шампионите, најпрестижното клупско натпреварување во светот, кое ќе се игра во нов формат од следната сезона.
Познати се сите 16 клубови кои ќе играат во осминафиналето, осум победници во групи и осум второпласирани.
Двојките од осминафиналето ќе ги дознаеме во понеделник на 18 декември за кога е закажана ждрепката според вообичаените правила. Конкретно, во овој дел од нокаут фазата, клубовите од иста земја не можат да се извлечат еден против друг, ниту пак победниците на групите да играат еден против друг.
Вицешампионите од групната фаза на домашен терен ќе играат против еден од победниците од групата, додека реваншот ќе се игра на теренот на клубовите кои ги добија групите.
Осминафиналето се протегаше речиси еден месец. Натпреварите ќе се играат на 13 и 14 и 20 и 21 февруари, како и на 5 и 6 и 12 и 13 март.
Лига на шампиони, осминафинале
ГРУПНИ ПОБЕДНИЦИ
Баерн
Арсенал
Реал Мадрид
Реал Сосиедад
Атлетико Мадрид
Борусија Дортмунд
Манчестер Сити
Барселона
ВТОРО МЕСТО
Копенхаген
ПСВ
Неапол
Интер
Лацио
ПСЖ
РБ Лајпциг
Порто