После судењето на Драги Рашковски, кое е во тек, уште еден генерален секретар на владата на Зоран Заев од денеска е во судница

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

После судењето на Драги Рашковски, кое е во тек, уште еден генерален секретар на владата на Зоран Заев од денеска е во судница. Во Основниот кривичен суд Скопје треба да започне судскиот процес во кој Мухамед Зеќири е обвинет за злоупотреба на службената положба.

После не многу долгата истрага, поради која во април годинава поднесе и оставка на својата функција, обвинението против Зеќири беше подигнато во октомври, а во ноември беше потврдено и од Советот на обвинители. „ Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност“, изјави Зеќири во објавата за оставката.

Обвинението тврди дека тој, како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

„Тој, во периодот од април 2021 година до март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврата, без спроведување соодветна постапка за јавна набавка, во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги“, се вели во обвинителниот акт, кој го товари Зеќири дека го оштетил државниот буџет за 89.385.255 денари, односно 1,5 милиони евра.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска, која е претседателка и на Судечкиот совет во процесот „Софтвери”, во кој првобвинет е Драги Рашковски, исто така поранешен генерален секретар на Владата.

Зеќири е обвинет дека Зекири се товари дека со умисла, во повеќе наврати ја злоупотребил функцијата генерален секретар на Владата и со тоа извршил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба, во врска со два спорни договора.

Првиот договор е за консултантски услуги во врска со АД „Пошта на Северна Македонија“, за која постапка се осомничени и двајца хрватски државјани, кои ѝ се недостапни за македонската полиција.

Договорот бил потпишан на 4 мај 2021 година. Зеќири склучил договор за консултантски услуги вреден 795 000 евра. Фирмата со која бил склучен овој договор била формирана само 20 дена пред неговото потпишување, а еден од Хрватите осомничен во постапката е соосновач и управител. Оваа фирма понатаму склучила уште еден договор со вториот осомничен Хрват, за износ од 130.000 евра.

„Во повеќе наврати од сметката на Владата на РСМ се исплаќани парични средства на сметката на правното лице, со што за правното лице е прибавена значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 57.932.100 денари (околу 942 000 евра), што го претставува износот согласно договорот зголемен за 18 отсто ДДВ, за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ“, соопшти Обвинителството.

- Advertisement -
Ad image

Вториот договор за кој се гони Зеќири е за консултантски услуги за потенцијална приватизација на „Железници“ – Транспорт АД Скопје и бил склучен на 23.06.2021 година, со друга консултантска фирма, во вредност од 772.400 евра без ДДВ.

„На сметка на ова правно лице Владата на РСМ врз основа на издадена фактура првично исплатила аванс од 11.284.162 денари (околу 183.000 евра) за одржување на почетен состанок со правното лице, односно за официјално започнување на проектот, а потоа врз основа на уште четири фактури биле исплатени буџетски средства во износ од 26.247.138 денари (околу 378.000 евра), за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ“, велат од Обвинителството.

Останува да се види како ќе настапи одбраната на Зеќири.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article